25 Април, 2024
0.0417

Дождот доаѓа побрзо од помошта за поплавените

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

 “Секоја капка дожд е страв и трепет за нас, особено по поплавите кои ги доживеавме во август” –вели за Фактор, Абдурахман Вејсели, жител на скопско Сингелиќ. И по три месеци од страотната поплава сеуште меѓу мештаните владее страв да не се повтори невремето кое им ги уништи куќите и дворовите, но и земјоделските површини. Абдурахман, кој меѓу соседите е познат по прекарот Беким не го крие незадоволството и гневот кон надлежните кои вели не превзеле доволно за  да ги обесштетат погодените семејства. Обвинува дека помош и пари зеле лица кои не биле или пак биле минимално  зафатени од поплавите, а сепак на нивните сметки завршиле илјадници евра добиени  по партиска и пријателска врска.

“Јас лично знам луѓе кои земаа по пет до шест илјади евра, а штетите им беа минимални. Постои големо незадоволство помеѓу жителите на Сингелиќ и Стајковци. Имаше неколку пати договор да протестираме пред влада или пред министерството за финансии, се организиравме и кога требаше да се излезе на улица, неколкумина се повлекоа. Мене според проценките ми дадоа 150 000 денари, а штетата која ја проценуваа пишуваше дека е  максимална. Дворот, првиот кат од куќата,покуќнината,  помалата куќа со летна кујна и просторот каде го складирам млекото беше целосно поплавено, во кал. Башка две коли ми беа зафатени и целосно се уништени, тешко и дека ќе проработат. Се е практично уништено ”-раскажува Беким.
Тој досега неколкупати се обратил до надлежните институции и општината но освен кренати раменици и префрлање на одговорноста не добил дополнителна информација за начинот и критериумот на распределба на помошта. Парите кои  им ги дала државата вели ниту оддалеку не може да ја надомести штетата која ја претрпеле.

“Бев во општина да прашам зошто толкава е отштетата кога комисијата запиша се што е уништено. Ме препратија во Министерство за финансии, тие ми рекоа такви информации добиле од Владата.Од таму пак ме препратија до општина, тие биле надлежни за комисијата. Ме врткаа со денови. Едноставно нема правда, што да речам. Штетата е огромна, според некои мои проценки колку имам досега дадено сигурно надминува десет илјади евра. Не барам толку, ама барем малку да имаат осет. И самите видоа во каква состојба се наоѓавме”- додава Беким.  

На прагот на зимата стравува дека тешко ќе ги поминат минусните температури. Деновиве има мајстори за да може да ги приспособи собите за живеење. Наместил ламинат и ги офарбал ѕидовите, но сеуште нема мебел и покуќнина. Неговото семејство вели со месеци спие на душеци.

“Во 2012 ја реновирав целата куќа, со нов мебел, се ново. Не  се порадувавме многу. Водата го уништи мебелот, вратите од влага се искривија. Исфрливме практично се од домот. На надворешните ѕидови сеуште се гледаат линии до каде била водата. Влагата сеуште не се повлекува.  Јас сум земјоделец и имам неколку крави. Поплавата ја зафати просторијата во која го чувам млекото со три фрижидери. Се беше уништено. Млекото го носев секој ден во млекарата која го откупува бидејќи немав каде да го чувам. Замислете кој дополнителен трошок е тоа. И на нивите се беше уништено. Нема храна за добитокот и неа ја купувам, а ветуваа дека храна ќе ни дадат. Ништо, срамота”- објаснува Беким.  

Куќите  на Вејсели и неговите соседи  во скопско Сингелиќ биле  први на удар од поплавата. Водата велат мештаните била како разулавена река која носела се пред себе. Улиците и дворовите  биле претворени во езера. Тие апелираат до властите да преземаат итни мерки за расчистување на каналите  со цел да се спречи, евентуална поголема поплава. Опасноста од нови поплави велат постои со секој пороен дожд.

“Живееме во страв, децата се плашат на секој дожд и грмотевици. Треба да се исчистат каналите и канализацијата за да нема нови поплави. Ова што го поминавме во август не паметат ниту нашите татковци и дедовци. Добар пример да се освестиме што може да се случи, за никогаш повеќе да не се случи”- порачува Беким Вејсели.

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека поради интензивните врнежи од дожд, наредните денови  можно е зголемување на нивото на реките. Од невремето во скопско беа погодени  околу 5000 семејства. Владата се задолжи со нови 36 милиони евра со кои треба да се исплатат штетите на поплавените. Во предизборниот фискален извештај на Министерството за финансии за надомест на штети од поплавите  се исплатени  околу 22 отсто од средствата. Односно досега на сметките на граѓаните за проценета штета од поплавите „легнале“  околу  8 милиони евра. Според најавите на  надлежните обештетувањето ќе се одвива во фази,  а целиот процес на исплатата ќе заврши  кон крајот на овој месец. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди