19 Април, 2024
0.0222

Дознајте: На која возраст луѓето се најсреќни?!

Објавено во: Стил 24 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Луѓето се чувствуваат најсреќни на 53-годишна возраст, пишува во Daily Express, повикувајќи се на резултатите од истражување направено во Велика Британија меѓу 2000 лица по нарачка на Crystal Ski Holidays, соопштија светските агенции.

На оваа возраст луѓето веќе се во состојба да ги прифатат своите несовршености, уживаат во се поголема доверба, не се загрижени за ситници, не ги придружуваат вообичаените за младоста финансиски грижи, помалку се возбудуваат од мислењето на околината. Ова се само дел од позитивите на зрелите години.

Анкетата, која опфатила луѓе на возраст меѓу 50 и 70 години покажува дека повеќето од нив сега се чувствуваат посреќни отколку во младоста. Просечната возраст на која се постигнува вистинско задоволство од животот, е 53 години.

Меѓу предностите на подоцнежната возраст, истакнати од учесниците во анкетата, се дека може да бидат спонтани, отворени и да се смеат со блиските, не им се наметнува да учествуваат во маратони, можат да живеат без секс, но не и без очила.

Покрај тоа можат да ги доверат мирно тајните на пријателите, бидејќи е многу веројатно тие да ги заборават, можат да носат удобно облека и чевли, без да им е гајле за тоа како изгледаат, имаат повеќе време за забава, можат без каење да дремат попладне и имаат оправдување за тоа што забораваат.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре