25 Април, 2024
0.0304

ДРАГАН ЛАЗАРОВ: Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја консолидира партијата и да добие широка поддршка

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, треба најпрво да биде личност со високи лични морални вредности за да биде способен да се носи со моќта и одговорноста на таа функција, вели за Фактор, Драган Лазаров од Иницијативата за внатрепартиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Објаснува дека лидерот е природно и да дојде одвнатре, односно да има добар „стаж“ во партијата за да има континуитет во структурите и длабоко познавање на кодот на членовите.

„Потребно е да има широка визија и подготвеност во наредниот период брзо да ја консолидира партијата и да поведе еден нов правец кој може во догледно време да донесе широка поддршка од граѓаните на Република Македонија. Тоа е можно само со човек кој не бил длабоко инволвиран и близок до сегашното раководство во последните две-три години. Новиот лидер треба да има широки демократски погледи и способност да формира тим од младиот интелектуален капацитет кој го има партијата, а ќе го насочува мудроста и искуството на постарите членови. Новиот лидер мора уште на почеток да демонстрира сериозен обединувачки капацитет внатре во партијата и да се посвети на возобновување на нарушените пријателства со домашните и надворешните политички фактори. Во тој контекст, исклучително битно е и да се посвети на подобрување на имиџот кај меѓународната заедница. И конечно, мора да биде човек кој нема да биде поврзан со оваa структура која крајно ги наруши меѓуетничките односи со другите заедници во државата на штета на партијата, односно да  ја врати довербата и гласачите од другите етнички заедници“ – вели Лазаров.

Тој наведува неколку грешки кои новиот лидер не смее да ги направи како што тоа го правеше Никола Груевски. Според Лазаров, пред сѐ мора уште на почеток да го надмине централистичкото и автократско владеење во партијата и наместо тоа да воведе систем на меритократија. Не смее да се повтори пасивно-агресивното потиснување на квалитетните кадри на сметка на лојалисти, смета Лазаров. 

„Една од суштинските промени кои ги предлагаме е и ограничување на бројот на мандати за да секој нареден лидер биде свесен за неговата надминливост. По спроведување на реформите во партијата и нејзиното деприватизирање, мора јасно изградените политики да го држат зацртаниот правец и да не може лидерот на своја волја да ги менува по потреба. Прво мора да почекаме да се официјализираат кандидатурите, но од досегашните имиња со кои се лицитира, не гледам комплетност во критериумите наведени погоре. Не сметам дека е потребно некое компромисно и преодно решение за лидер затоа што со тоа би направиле поголем отворен простор за политичките опоненти. Затоа, потребно е новото лице на ВМРО-ДПМНЕ да дојде што поскоро за да може членовите и граѓаните повторно да имаат перспектива“ – објаснува Лазаров.

Идниот претседател на партијата ќе се бира на вонреден конгрес што ќе се одржи во Валандово на 22 и 23 месецов. Се шпекулира дека за претседателското место ќе се борат Христијан Мицковски, Илија Димовски и Антонио Милошоски. Филип Петровски веќе соопшти дека планира да се кандидира за претседател на партијата. Централниот комитет на партијата синоќа ја прифати оставката на Никола Груевски. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи