ДРАМА ВО ПАРИЗ: Исламист нападна војник со нож
Објавено во: Свет 15 Септември, 2017
Маж кој носел нож, извикувајќи „Господ е голем“ утрово околу 6.30 часот нападна француски војник кој патролирал пред метро-станицата Шателет во Париз.
Веста ја соопшти француското Министерство за одбрана.
Напаѓачот му дошол од зад грб на војникот и го нападнал. Војникот некако успеал да го совлада напаѓачот и почекал да дојде полицијата, која го уапсила.
Минатиот месец со автомобил беа повредени седум војници.
Во Париз имаше повеќе обиди за напад и тоа на места каде патролираат војници, но има и туристи како Ајфеловата кула или Нотр Дам. Во неколку напади на исламистите во Франција загинаа повеќе од 230 луѓе.