Држава која е најголем политички ризик во Европа
Објавено во: Свет 20 Мај, 2017
По изминатите избори во Европа оваа година, Италија се соочува со ризично сценарио, тврди аналитичар.
Во моментов Италија претставува најголем политички ризик за пазарите и инвеститорите, тврди аналитичар, цитиран од CNBC.
Ова е резултат на политичкиот ризик во останатите делови на Европа вели Нандини Рамакришнан, главен пазарен аналитичар во JPMorgan Asset Management.
Во март Холанѓаните одржаа избори, на кои поранешниот премиер Марк Рут го победи својот политички противник Герт Вилдерс, кој е противник на Европската унија (ЕУ). Претходно овој месец центристичка кандидат, Емануел Макрон ја победи екстремнодесничарката од Националниот фронт, Марин Ле Пен.
„Всушност сето тоа е базирано на евроскептицизмот и Макрон како победник, не претставува најголем евроскептичен ризик на Франција" - вели аналитичарот.
Сепак податоците во Италија покажуваат дека поддршката за еврото е мала, а ако биде свикан референдум, многумина би гласале за отстранување на валутата.