19 Април, 2024
0.0292

Државната изборна комисија со месеци ги крие патните трошоци на членовите

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Државната изборна комисија со месеци ги крие патните трошоци на нејзините членови. На ваков заклучок упатува фактот, што од ДИК, повеќе од два месеци одбиваат да ги достават патните трошоци за членовите.

Фактор, на почетокот на јули годинава испрати Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое се бараат податоците за исплатени патни трошоци за сите членови.  Но, Државната изборна комисија, воопшто не одговори на нашето барање. Поради тоа, согласно законските можности беше поднесена жалба до надлежната Комисија за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. И оваа надлежна комисија побара одговори, но од ДИК ниту ним не им одговориле.

Сепак, и покрај тоа што ДИК ја игнорира и Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, тие и доставија решение дека во рок од 15 дена, мора да го испочитуваат законот и да ги достават бараните податоци.

Ваквото непостапување по барањата за пристап до информации од јавен карактер од страна на  Државната изборна комисија е сосема спротивно и од заложбите на Владата за покажување на транспарентност и отвореност на институциите, а дополнително доаѓа од институција, која треба да биде гарант за транспарентност и отвореност, особено што е одговорна за спроведување на фер и демократски избори.  

Патните трошоци на членовите на ДИК, секогаш се атрактивни, особено затоа што се покажа дека дел од членовите добиваа интересни суми. Па така, и во ДИК, на врвот на листата најплатени беше Силвана Бонева, од ВМРО-ДПМНЕ, но откако сумите беа обелоденети во јавноста, таа во следните месеци, ги повлече сметките и не ги зема патните трошоци. Но, дали и како сега функционира исплатата на патните трошоци во ДИК, медиумите немаат увид, бидејќи немаат пристап до податоците.

На мета во јавноста беа и патните трошоци на пратениците, кои  исто така добиваат високи суми, нешто што им го дозволува законот. Па откако летово имаше огромни реакции во јавноста, пратениците од владејачкото мнозинство посочија дека работат на измени на правилата  со кои исплатата на патните трошоци ќе биде по други модели, но досега ниту тоа не се случи, и се заврши само со најави.

Токму законот, кој им овозможува исплата на огромни суми на функционерите по основ на патни трошоци е донесен во 1990 година. Токму овој Закон за плати и други надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани функционери е еден од најмалку менуваните закони во неговата суштина. Односно, имало петнаесеттина измени, но најчесто за зголемување на платите, а не и за промена на делот кој се однесува за исплата на патните трошоци.

Ниту една владејачка гарнитура досега не посегна по негова промена, и се остануваше само во најава.

Но, иако законот дозволува исплата на патни трошоци, дел од познавачите го отвораат и прашањето за злоупотреба и дали тие патни трошоци се реално и вистински направени, во ситуцаија, кога дел од оние пратеници кои ги добиваа имаа и станови во Скопје, а прикажуваа речиси секојдневни патувања до и од местото од внатрешноста од кое доаѓаат.

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите