ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖИ: За колкава сума се работи?
Објавено во: Економија 23 Јануари, 2018
Македонија денеска повторно се задолжи. На страната на Министерството за финансии е закажано ново задолжување од скоро 24 милиони евра по основ на државни хартии од вредност.
На акуцијата се издаваат 15 годишни државни обврзници без девизна клаузула во вредност од 1.000.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во вредност од 475.000.000 денари или вкупно 23,9 милиони евра.
Владата на Република Македонија истиов месец се задолжи додатно по основ на државни хартии од вредност во износ од 73 милиони евра и издавање на еврообврзница која има вредност од пола милијарда евра.
На крајот на третиот квартал јавниот долг на Македонија беше на ниво од 4,69 милијарди евра или 45,8% од БДП.
Читајте уште