ДРЖАВЕН ПРАЗНИК: И Србите ќе го слават Свети Кирил и Методиј
Објавено во: Балкан 10 Јануари, 2018
Србија ќе им се придружи на останатите словенски земји кои го прославуваат Денот на словенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Земјата од оваа година ќе добие нов државен празник, Ден на Св.Кирил и Методиј.
Доколку предлогот биде усвоен од Владата, овој празник ќе се одбележува на 24 мај, пишува „Вечерни новости“.
Од Министерството за култура и информирање велат дека новиот државен празник нема да биде неработен ден.
Суштината е одавање почит и поклонување пред делото на Св.Кирил и Методиј, поради нивното значење за сите словенски народи. Со воведувањето на новиот празник - Денот на Св.Кирил и Методиј на одреден начин во Србија би се „заменило“ местото со одбележувањето на Денот на младоста - 25 мај. Во Белград постои само еден споменик на Св.Кирил и Методиј, кој е подарок на македонскиот академски вајар Томе Серафимовски за градот Белград, каде секоја година Македонците од Србија го одбележуваат 24 Мај.