29 Март, 2024
0.2273

Државна помош за информатички компании и од земјава и од странство

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Владата од септември ќе доделува државна помош за мали и средни претпријатија кои ќе вложат во информатичко-комуникациски технологии,а истата ќе биде поеднаква како за домашните така и за странските инвеститори.

Ова го најави министерот за информатичка технологија и администрација Дамјан Манчевски при денешната промоција на нова инвестиција во InPlauyer, македонско-британска компанија која работи во Македонија и има развиено своја платформа за монетизација и им помага на многу светски компании во монетизирање на нивните дигитални содржини. Инвестицијата е во вредност од 500 илјади фунти од регионалниот инвестициски фонд South Central Ventures (SCV).

– Mакедонија поседува многу добар кадар за ИКТ индустриите, но за жал голем дел од овој кадар се иселува. Sо голем број од мерките што ќе ги преземеме ќе се обидеме оние кои студираат пред се на ИКТ факултетите да ги задржиме тука и со тоа да ја зголемиме и просечната плата во државата затоа што платите во овој сектор генерално се повисоки отколку нашиот просек, рече министерот Манчевски.

Појасни дека она што новата Влада ќе сака да го направи со почетокот на следната година е да се почне со работа на еден вид технолошки парк во кој ИКТ компаниите заедно со државата ќе добијат подобри услови за работа, но во исто време ќе добијат и задача заедно со државата да инвестираат во центар за истражување и развој.

– Сето ова ќе биде проследено и со дополнителни мерки со кои ќе се обидеме да ги мотивираме младите луѓе во Македонија се повеќе да се образуваат и преквалификуваат и студираат во некои од ИКТ факултетите, истакна Манчевски.

Тој додаде дека особено ќе биде важна и поддршката на приватниот сектор и имајќи ја предвид и веќе најавената „младинска гаранција“ која ќе почне да фукционира од есен каде на секој млад човек кој ќе го заврши своето образование државата ќе му гарантира некаков вид ангажман.

Според него во овој дел особено се важни ИКТ компаниите кои со своето работење и можности за преквалификации на одредени кадри ќе им дава можност на младите да најдат пристојна работа и да останат во Македонија.

Посочи дека за реализација на овој проект има изразено подготовеност и интерес и од ИКТ индустријата во Македонија. Користа, смета, ќе биде заемна затоа што компаниите ќе може да користат одредена инфраструктура обезбедена од страна на државата, а заедно со државата ќе работиме на развој на нови технологии за потоа да донесеме инвестиции во овие компании.

Појасни дека станува збор за еден врзан ланец, процес како што InPlayer успеал во тоа, да сe успее и со други компании во Македонија.

Извршниот директор на InPlayer Џорџ Мик посочи дека тие ќе имаат можност да привлечат одлични таленти од Македонија во нивната фирма, која веќе брои 35 вработени, а со новата инвестиција ќе го зголемат тимот на 50 до крајот на 2017 година и дополнителни 50 во текот на наредната година.

Ова е трета компанија во Македонија која добива финансиска поддршка од SCV и е најголема досега во земјава.

Според Ивана Станковиќ, инвестицијата од овој Фонд ќе придонесе да ја поддржат во натамошниот нивен раст и зголемување на нивното портфолио на клиенти.

СЦВ е фонд за ризичен капитал кој располага со 40 милиони евра за инвестирање во иновативни компании од Балканот кои развиваат технолошки решенија со голем потенцијал за раст.

Новата инвестиција, како што беше најавено, ќе придонесе да се зголеми бројот на вработени во оваа компанија од 35 на 50 до крајот на оваа година.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница