28 Март, 2024
0.0272

Државниот студентски дом – Скопје: Да престанат обидите за дискредитација на нашата работа

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Државниот студентски дом – Скопје реагира на прилозите кои во изминатите два дена се објавуваат во дел од медиумите, во кои често се пренесуваат и ставови на студенти- членови на таканаречениот Студентски пленум со цел тенденциозно да обвини менаџментот на домовите за наводна негрижа околу обезбедувањето на топлинска и електрична енергија.

„Би сакале да информираме во сите три државни студентски домови системите за парно греење тековно се одржуваат и функционираат без проблем, а јачината на топлината е идентична како и во сите други објекти во градот кои се поврзани на централната мрежа. Секако, во услови на екстремно ниски температури на студентите им е дозволено да вклучуваат и дополнителни грејни тела. По однос на електричната енергија, како резултат на ниските температури во текот на вчерашниот ден настана дефект во мрежата на ЕВН и прекин на дистрибуцијата до еден дел од студентскиот дом “Кузман Јосифовски – Питу“, за што студентите корисници на нашите услуги беа информирани, исто како и медиумите кои се обратија до нас за информација. Веднаш ги известиме стручните служби, кои работеа деноноќно и денес состојбата е нормализирана“ -велат оттаму. 

Апелираат конечно да престанат континуираните напади и обиди за дискредитација на работата на Државниот студентски дом - Скопје, затоа што како што велат континуирана е нивната грижа кон студентите и објектите во кои тие се сместени и престојуваат, во текот на целата година.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење