18 Април, 2024
0.2554

Држава без буџет е како ракија без мезе!

Објавено во: Финансии 11 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Предводниците на амандманската расправа за Буџетот, Изет Зекири и Маријанчо Николов, за Фактор коментираат дека нема одложување на амандманите, затоа што станува збор за обид да се натера власта одговорно да се однесува кон државните пари. Власта пак обвинува за грандиозна неодговорност на опозицијата која Македонија ќе ја чини многу. Дали опозицијата неодговорно и скандалозно се обидува да го блокира донесувањето на буџетот  2013 та или пак се обидува легалистички да учествува во донесување на одлуките за тоа како и каде ќе се трошат народните пари? Додека министерот за финансии Зоран Ставрески обвинува дека 1 226 те амандмани на опозиционерите го кочат донесувањето на новиот буџет,  пратениците од опозицискиот блок најавуваат – нема повлекување на амандманите. Владата планира да ја стартува 2013 та година со буџетски дефицит од 250 милиони евра и ние имаме право да знаеме како и за што ќе се трошат овие пари и токму затоа поднесовме стотици амандмани за Буџетот 2013 та – велат опозиционерите. “Немам намера да повлечам ниту еден од моите предложени амандмани. Владата планира да ја почне 2013 та со буџетски дефицит од 3,5 отсто од БДП и легитимно е да бараме одговор за што ќе се трошат овие пари. Според она што можев да го видам во новиот буџет, и до година  продолжува финасирањето на зградите од Скопје 2014 та. Секоја година на пример се планираат пари за Музејот на ВМРО – ДПМНЕ “ – вели пратеникот Изет Зекири кој самиот предложи неколку стотици амандмани. При донесувањето на Буџетот за оваа година, лани биле поднесени нешто повеќе од 400 амандмани при што само амандманската расправа траела 8 денови. Судејќи според ланското искуство, годинава за да се прочешлаат сите 1 226 амандмани ќе бидат потребни околу 24 денови – што практично веќе ги нема во оваа календарска година, на истекот од последниот месец. “До сега сум учествувал во гласање на 6 буџети, досегашната пракса покажува дека дел од амандманите при крајот на буџетската расправа се повлекуваат, но тоа сепак зависи од политичката проценка и од реалната потреба да се истуркаат амандманите“ – вели Маријанчо Николов од СДСМ и додава дека нема блокада на буџетот, како што тврди министерот за финасии. “Во овој момент не можам да кажам дека има блокада на буџетот. Комисијата за финасирање работи. Но доколку буџетот не биде усвоен заклучно со 31 декември, тогаш 2013 та ќе започне со “времено финасирање“, односно ќе може да се потрошат една третина од парите што се потрошиле од последните три месеци на овогодинашните буџетски расходи. И овој модел ќе може да се применува само до март, потоа за секое трошење ќе треба дозвола од Собранието.“ – вели Николов. Доклку донесувањето на Буџетот се пролонгира и подолго, тоа практично ќе значи функционирање на минимум, ќе има пари за исплата на основните трошоци, какко плати, пензии, социјални трансфери, но за другите програми на Владата ќе има тоа што ќе остане, а тоа секако нема да биде многу. Експертите коментираат дека во тоа нема ништо спорно, но забавената реализација ќе чепне од имиџот на државата, и ќе ја отежне реализацијата на Буџетот во следните месеци. Она во што не се согласуваат власта и опозицијата е, чија вина ќе биде тоа? Блокада и за заемoт од Светска банка ? Владата ја обвини опозицијата дека прави блокада не само на новиот Буџет, туку и на Законот за задолжување на Македонија кај Светската Банка. Според министерот Ставрески, доколку не се усвои овој закон, Македонија ќе биде принудена да издаде Еврообврзница што би значело ново, поскапо задолжување. “Ако следната година РМ излезе на пазарот на капитал со еврообврзиници за кои нема потреба од одобрение  од Собранието, наместо да ги земе двата поволни кредити од СБ, каматната стапка што ќе ја плати државата ќе биде повеќе од два пати повисока во однос на  она што е договорено со Светска банка. За седум години, колку што изнесува отплатата на таа обврзница или на кредитите од СБ во вториот случај, односно на гаранцијата, Република Македонија без потреба ќе плати 84 милиони евра  повеќе отколку што би платила кога би ги зела парите од Светска банка “ – изјави министерот Ставревски. Легитимно е да бараме отчет за тоа како ќе се трошат буџетските пари и каде ќе завршат кредите, особено во предизборие, во очи на претстојните локални избори, вели пратеникот Зекири. “Ако државата реши да се задолжи со нова Еврообврзница тоа ќе биде одговорност на Владата. Она што мене ми е важно е со амандманите да се издејствува пренасочување на буџетските пари од непродуктивни на капитални прокети. Дел од моите амандмани се однесуваат на ветените 25% од капиталните инвестиции наменети за прокети во западниот дел од Македонија“ – вели Зекири. Според досегашната пракса, некаде до 20 ти овој месец треба да финишира амандманската расправа, по што ќе биде потребна уште една недела за дебата на пленарна собраниска седница. До сега филтерот го поминаа 100 тина амандмани или само 8 отсто од предложените амандмани. За Фактор, Анета Додевска, 24 вести

Можеби ќе ве интересира

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“