25 Април, 2024
0.0345

Државата нуди субвенции за складирање на пченица во силоси

Објавено во: Агробизнис 18 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Државата нуди субвенции за складирање на пченица во силоси со цел да им излезе во пресрет на земјоделците.

Оние земјоделци кои планираат да ја продаваат пченицата кога ќе достигне повисока цена, можат да добиваат субвенции за нејзино складирање.

Пченицата можат да ја чуваат во  силоси со кои ќе склучат договори.  Субвенцијата за складирање на пченицата за покривање на дел од трошоците е за период од 2 до 6 месеци.

Корисници можат да бидат земјоделци кои претходно имаат поднесено барање за субвенции за пченицата, договор за складирање, и имаат платено 20% од трошоците.

Субвенцијата е 80% од износот  за складирањето или најмногу до 60 денари по тон за еден месец.

Земјоделците за финансиската поддршка треба секој втор месец  да поднесуваат барања до Платежната агенција, а агенцијата ќе ги исплаќа секои 60 дена.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари