ДУИ: Деновиве се одржале неколку средби меѓу Груевски и Заев
Објавено во: Македонија 20 Април, 2017
Од ДУИ велат дека деновиве се одржале неколку средби меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, со цел надминување на политичката криза, објави Фокус.
„ДУИ го изоде својот дел од патот за формирање на новото мнозинство и новата влада. Се надеваме ке има плод од овие разговори за кои ние имаме информации дека се одржуваат“ – изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за Фокус.
Тој додава дека овие разговори ги охрабруваат.