20 Април, 2024
0.0276

ДУИ разочарани од БЕСА која ги разединувала Албанците

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

ДУИ денеска ги повика гласачите да не станат жртва на, како што вели, секакви тенденции за поделба и дефакторизација, туку да застанат зад достоинствените кандидати за градоначалници на општини кои ќе се стават во нивна служба секој ден и за секоја потреба. 

„Денес, Движењето Беса и Билал Касами заедно со експонатите на оваа партија уште еднаш се ставија во служба на анти-националните сили, работејќи против единствениот албански кандидат во Општина Кичево, г. Фатмир Дехари, неподдржувајќи го него“, наведува ДУИ во реакцијата.

ДУИ додава дека ова се случува откако БЕСА „поттикнала историска поделба на албанскиот глас на 11-ти декември и губење на повеќе од девет албански пратеници, не гласала за првиот претседател Албанец на Собранието на Република Македонија г. Талат Џафери, поттикнувала насилство во Собранието преку погрешно пеење на националната химна за да ги провоцира македонските демонстранти, го напуштила Собранието на 27 април, не гласала за разрешување на државниот јавен обвинител, не гласала за ставање на дневен ред на законот за јазиците, одбила да седне и да се договори со другите албански политички партии и ја одбила заедничката декларација на албанските партии“.

Сепак, од ДУИ не ги гледаат новите трендови кај албанските гласачи кои се незадоволни од нивната досегашна политика продолжувајќи да кандидираат стари кадри кои не донесоа никакви промени за граѓаните. Токму затоа и БЕСА има легитимно право да истрча со свој кандидат во Кичево или било која друга општина каде смета дека може да донесе промени. 

Исто така ова обвинување е задучувачко бидејќи ДУИ и БЕСА договорија заеднички настап за советите на повеќе општини. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите