Дунав замрзна целосно крај Русе
Објавено во: Балкан 02 Февруари, 2017
За еден ден реката Дунав замрзнала целосно кај бугарскиот град Русе.
Директорот на Дирекцијата за надзор, Иван Жекова објасни пред БТВ дека во моментот нема движење по мразот на реката крај Русе.
Иако нивото на реката се зголемило и е во нормални вредности, ниските температури создаваат услови за зголемување на мразот. Дополнително ситуацијата е комплицирана од долготрајното мрзнење на водата кај Силистра, бидејќи дебел мраз ја блокира реката.
Слична појава имаше во Виена и во Белград.
Во Виена луѓето се забавуваа и се лизгаа на замрзнатата река.