28 Март, 2024
0.0262

Дури 40.000 фирми имале блокирани сметки

Објавено во: Економија 20 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Точно 40.294 фирми ја завршиле минатата година со блокирани сметки, покажуваат најновите податоци на Народната банка за финансиската стабилност во земјава во текот на 2012 година. Во НБМ констатираат дека намалувањето на економската активност во 2012 година придонело за влошување на амбиентот за работење на домашните претпријатија и дека негативно се одразило врз претприемачката иницијатива. - Формирањето нови претпријатија забележа мал годишен пад од 0,4 отсто, при истовремено зголемување, иако е забавено во споредба со претходната година, на бројот на претпријатијата со блокирани сметки и на оние во кои е отворена стечајна постапка. Стапката на банкротирани претпријатија се зголеми од 1,4 отсто во 2011 година на 1,7 отсто во 2012 година. Воедно, 30,5 отсто од вкупниот број регистрирани претпријатија во Република Македонија имаат блокирани сметки по која било основа на крајот од 2012 година, што е повеќе за 2,3 процентни поени во споредба со 2011 година - велат во НБМ, пишува „Нова Македонија“. Оттаму додаваат дека со измените на Законот за трговски друштва, од декември 2012 година му се дава можност на Централниот регистар со електронска постапка да ги избрише трговските друштва што се неактивни во период од три години, односно што не доставуваат годишни сметки и финансиски извештаи во Централниот регистар. - Со стапувањето во сила на овие законски измени може да се очекува еднократен пад на бројот на претпријатијата и намалување на бројот на правните лица со блокирани сметки - велат во НБМ. Во 2012 година вкупниот долг на корпоративниот сектор се зголемил за 19.576 милиони денари, или за 318 милиони евра. - Најголем апсолутен пораст од 13.714 милиони денари или 222 милиони евра забележа задолженоста кон нерезидентите, кои обезбедија значителна кредитна поддршка за домашните претпријатија. Во услови на скромен годишен пораст на трговските кредити (305 милиони денари или 0,6 отсто), зголемувањето на надворешниот долг беше претежно остварено врз основа на заеми и други обврски кон нерезидентите. Високиот годишен пораст на надворешниот долг на корпоративниот сектор го зајакна неговото доминантно учество во вкупната задолженост на домашните претпријатија, кое на крајот од 2012 година достигна ниво од 54,6 отсто - велат во НБМ. Оттаму додаваат дека доминацијата на надворешниот во вкупниот корпоративен долг уште повеќе придонесува за зголемена чувствителност на домашниот корпоративен сектор на надворешни шокови. Во НБМ велат дека показателите за ефикасноста на користењето на средствата во 2012 година укажуваат на малку послабо искористување на средствата од страна на домашниот корпоративен сектор. - Имено, обртот на сите категории средства забележа извесно намалување, што се должи на побавниот пораст на приходите од редовното работење (од 2,5 отсто), во споредба како со порастот на вкупните средства (6,9 отсто) на корпоративниот сектор, така и со порастот на одделните видови средства. Покрај тоа, дојде и до извесно продолжување на просечниот период потребен за наплата на побарувањата, остварување на резервите и плаќање на обврските - велат во НБМ. Анализирано по одделни дејности, во согласност со природата на самите дејности, показателите за ефикасноста во користењето на средствата, во 2012 година, забележале малку поголемо влошување кај претпријатијата од дејноста градежништво и дејностите во врска со недвижен имот и стручни, научни и други технички дејности.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“