ДУРИ И АКО ИМАТЕ ПАРИ: Овие работи во станот покажуваат дека сте сиромашни
Објавено во: Финансии 14 Октомври, 2017
Експертот Вилијам Хенсон наведува неколку работи кои ги имате во вашиот стан, а ве издаваат дека немате пари.
Тој вели дека сатенската постелнина покажува дека луѓето немаат вкус и немаат пари.
Додава дека истото важи за кадифените мечиња и големите огледала. Тој смета дека е невкусно во просториите да има големи огледала.
Експертот вели дека за ниска класа е и мебелот од стакло, затоа што е навистина заморно тој да се одржува.
На крајот заклучува дека сиромашно изгледа стан во кој има премногу перници.