29 Март, 2024
0.0295

Два бабини совети кои ги заборавивте, а ќе ви помогнат при настинка

Објавено во: Стил 12 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Некогаш брзо оздравувавме додека бабите ни ги стоплуваа нозете, готвеа супи и посебни чаеви. На тоа воглавно се сеќаваме и сега кога настинеме, но постојат работи и кои сме ги заборавиле, а би можеле да решат безброј проблеми и да ни ги скратат болките.

Секогаш би требало да ги слушате постарите од себе, посебно кога е во прашање болест. Мора да признаете дека нивните трикови ја спасуваат состојбата и дека благодарение на нив во најбрз можен рок повторно застанувате на нозе.

Меѓутоа, повеќето од вас ги заборавиле овие два начини кои водат до здравје.

Гаргара со солена вода

Додека сте настинати грлото често ви е суво и затоа е потребно константно да го навлажнувате. На тој начин ја намалувате иритацијата на слузокожата и ја намалувате болката.

Најдобар ефект можете да постигнете така што ќе правите гаргара со солена вода. Растворете лажичка сол во 3 дл млака вода, исперете го грлото и веднаш ќе почуствувате олеснување. Со што ќе допринесе и на апсорбирање течност во ткивото.

Подигнати перници

Спиење на ниска перница во текот на настинка не е ниту малку пријатно, а може да предизвика и задржување на секрет во бронхиите (Бронхии се дел од респираторниот тракт кои претставуваат душни цевки, гранки на дишникот составени од 'рскавичави прстени меѓусебно поврзани со сврзно и мускулно ткиво) што дополнително го отежнува дишењето.

Поради тоа, практикувајте спиење или одморање на повеќе перници, бидејќи така ќе си го олесните дишењето, како и ќе го намалите притисокот на синусите и ќе му овозможите на секретот полесно да се спушта.

Превенцијата е мајка на здравјето.