ДВА КАНДИДАТИ СЕ ИСТО КВАЛИФИКУВАНИ: Кој ќе биде вработен?
Објавено во: Финансии 20 Јануари, 2017
Добри кандидати се многу, но што ако два кандидати за вработување имаат идентични квалификации?
Неколку фактори се одлучувачки. Сајтот Quora пишува дека може да бидат вработени и двајцата со тоа што голема е веројатноста едниот подоцна да се откаже.
Сајтот пишува дека ова не е голем финансиски товар и може да биде мудар потег.
Дури и ако еден не се откаже, а компанијата е во добра кондиција, тогаш можат само да придонесат.
Може да се случи едниот кандидат да е подобар за еден сектор, а другиот за друг.
Можно е еден од нив да има знаење и искуство за работи кои допрва ќе се имплементираат во компанијата.
Оној кој ќе внесе различност и ќе помогне за градење на имиџот на тимот заслужува понатаму да остане на работното место.