Два земјотреси ноќеска во Македонија
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2017
Два земјотреси ноќеска имало во Македонија, објавено е на вен страницата на Европскиот сеизмолошки центaр.
Првиот земјотрес во 1.53 часот од 2.5 степени бил на длабочина од 2 км и со епицентар на 16 км од Охрид.
Во 2.49 часот по полноќ имало земјотрес од 2.5 степени, на длабочина од 2 км, со епицентар на 9 км од Ресен.
Земјотрес утрово имало и во соседна Албанија, Грција, во Турција имало повеќе потреси, во Чешка и други држави.