24 Октомври, 2017
0.3962
    ALK 7595.8    0.62%     BESK 11000.07    -0.92%     KMB 2800    -0.01%     MKSD 232    0%     MPT 28032.26    -0.95%     OHB 5367.09    -1.52%     REPL 52500    -0.23%     RZLV 45    0%     RZUS 129    1.57%     SBT 2180    -2.64%     STB 940.91    -0.33%     STBP 680    0%     TEL 274.5    0.92%     TNB 13300    -1.48%     TTK 828    0.12%

Двајцата гости на „Само вистина“ откажале во последен момент (ВИДЕО)

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2017

Канал 5 ТВ по овие избори ќе започне медиумска иницијатива за озаконување на задолжителни дуели меѓу канидадатите за централна и локална власт.

Двајцата кандидати за градоначалници на Охрид, Митко Тилевски и Јован Стојановски, синоќа во последен момент го откажале гостувањето во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

„Вечерва и ние, Канал 5 ТВ, но и вие, македонската јавност конечно се соочивме со вистината – политичкиот примитивизам. Вечерва требаше да гостуваат двајцата кандидати за градоначалници на Охрид Митко Тилевски и Јован Стојановски, кои требаше пред вас, а не пред нас да ги претстават своите идеи, замисли и проекти како тие би управувале со општината Охрид во наредните 4 години“ - рече водителката Мирјана Трпчевска. 

Според телевизијата, очигледно некои од нив, но и претходно неоправдано отсутните кандидати, не се навикнати на прашања – прашања ваши, прашања на јавноста и повторно забораваат. 

„Сите тие ќе управуваат со општините со наши и ваши пари. Затоа имаат обврска да ви се претстават вам, за да знаете кому ќе го дадете вашиот глас. Очигледно сакаат да дојдат на нарачани прашања и теми, поради фактот што некои тоа им го овозможуваат, но тоа за наша и ваша среќа не е можно во Канал 5 ТВ. Легитимно е да се прашаме, ако бегаат, кукавички сега, кога се борат за фотељата, какви ли ќе бидат кога ќе станат татковци на општините? Затоа, особено охриѓани, размислете кому го давате вашиот глас. Дали на политички кукавици, или на чесни и достоинствени претставници на вашите семејства“ - кажа водителката  Трпческа.


Таа најави дека Канал 5 ТВ после овие избори ќе започне медиумска иницијатива за озаконување на задолжителни дуели меѓу канидадатите за централна и локална власт. 

Имаме право на тоа, поради вас јавноста, но и поради нашите пари, порача Телевизијата.

Можеби ќе ве интересира

Павле Богоевски: Не власта, туку органите на прогон прислушуваат

Павле Богоевски: Не власта, туку органите на прогон прислушуваат

Македонија кон ЕУ и НАТО: Ние направивме силен напор, сега вие сте на ред

Македонија кон ЕУ и НАТО: Ние направивме силен напор, сега вие сте на ред

СТУДЕН БРАН: Каде „истури“ најмногу дожд денеска?

СТУДЕН БРАН: Каде „истури“ најмногу дожд денеска?

Дури беа на власт за ВМРО ДПМНЕ прислушуваа странски служби, сега ги прислушувале домашни

Дури беа на власт за ВМРО ДПМНЕ прислушуваа странски служби, сега ги прислушувале домашни

Заев не очекува од политички причини да биде попречена екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски

Заев не очекува од политички причини да биде попречена екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски

Владата го одбележа 23 октомври - Обврска за подобар живот

Владата го одбележа 23 октомври - Обврска за подобар живот

Либерална партија: Да се укине државниот празник на 23 октомври

Либерална партија: Да се укине државниот празник на 23 октомври

Девојка од Битола загина кај Тополчани

Девојка од Битола загина кај Тополчани

Тешко повредени работници на автопатот Кичево-Охрид

Тешко повредени работници на автопатот Кичево-Охрид