Двата најзначајни грчки весници банкротираат
Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2017
Двата најзначајни грчки весници - весникот „Та Неа“, кој е со најголем тираж, и неделникот „То Вима“ - ќе престанат да излегуваат по неколку дена поради проблеми со долгот на сопственикот - медиумската група „Ламбракис“.
Корпорацијата има уште голем број на списанија, информативни сајтови и радио „Вима Еф Ем“ и е особено критична кон премиерот Алексис Ципрас.
Власта, пак, вели дека медиумите во земјата се во рацете на олигарси.
Претседателот на медиумската група Ставрос Психарис е суден за перење пари и даночни измами. Во декември групата „Ламбракис“ не успеа да плати придонес за долг од 99 милиони евра.