20 Април, 2024
0.0259

Две години не вкусил кафе и алкохол-Еве што му се случило!

Објавено во: Стил 08 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Њујоршкиот дизајнер Тобиас Ван Шнајдер пред две години одлучил во рамки на постпразничната детоксикација да се откаже од кафе и алкохол. Постот од тие две пијачки првично требало да трае само месец дена, но потрал подолго. Многу подолго.

Како што рекол за Индепендент, Ван Шнајдер, таа одлука во неговиот живот вовела некои промени.

„Една од големите работи кои исчезна од мојот живот е трачарењето. Откако сум на новата диета многу помалку контактирам со другите луѓе“, објаснил Ван Шнајдер и додал дека во повеќето случаи ги одбива повиците на пијалок.

Додека социјалниот живот на Шнајдер пати, неговиот паричник слави. Дизајнерот рекол дека поради своите одлуки заштедува 1 000 долари месечно.

Подобро спијам, а и не сум толку нервозен“, додава тој.

Бидејќи живее во Њујорк, Ван Шнајдер вели дека е нормално да се пие по едно до две пијачки дневно и дека благодарение на апстинирањето од алкохолот успеал да заштеди повеќе илјади долари.

„Земете предвид дека секој втор ден пиев два до три коктели, што е 50 долари и ако вклучиме и тоа дека купував вино за конзумирање дома. На месечно ниво на алкохол знаев да потрошам сигурни илјада долари“, рекол дизајнерот.

Зголемениот износ кој го има на сметка го следело и зголемување на квалитетен сон.

„По исфрлањето на алкохол од исхраната почнав и подобро да спијам. Исто така се будам со многу повеќе енергија“, рекол Ван Шнајдер.

Од друга страна, исфрлувајќи го кафето од исхраната му донело смиреност.

„Од кафето секога чуствував стрес, анксиозност и имав проблеми со варењето“, рекол Ван Шнајдер.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган