29 Март, 2024
0.0244

Две варијанти за среќа на Aмериканците, а за третата не е време!

Објавено во: Анализа, Свет 07 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Во изборот меѓу актуелниот претседател Обама и републиканскиот кандидат Мит Ромни,  Американците се определуваа  за политики на кандидатите во кои ја гледаа нивната иднина и среќа. Речиси рамномерната поделеност на гласачите за двата кандидати јасно покажува дека тие веруваат дека  нивниот избраник ќе им донесе среќа. Меѓутоа, спротивставеноста на концепциите кои кандидатите намераваат да ги спроведуваат покажува дека бенефитите кои очекуваат да ги остварат за „победниците“ ќе бидат поголеми, а „губитниците“ ќе треба да се помират со тоа, бидејќи мнозинството така одбрало.

Обамината концепција нуди поголеми можности за релативно посиромашните и немоќните, а Ромниевата ги брани интересите на капиталот (побогатите). Меѓутоа и едната и другата  концепција поаѓаат од верувањето дека нивното остварување е во интерес на мнозинството. Но, за да ги добијат изборите, во кампањата, тие ги  коригираат своите платформи во насока на прифаќање на определени решенија од противничките. Разликите се во методите и техниката во остварувањето на целите. Ромни се  залага да се напуштат моделите  за мешање на државата во економските прашања и  поголемо значење да му се препушти на слободниот пазар, а Обама смета дека, покрај пазарот, и државата треба    да се вклучи во остварувањето на сонот на американските граѓани. И двајцата се заинтересирани да почне да се намалува товарот на надворешниот долг на замјата, меѓутоа, Ромни   смета дека тоа може да се оствари со смалување на даноците (за на бизнисмените да им остане поголем профит со кој би им се овозможило да ги прошируваат своите активности, да вработуваат) и со големи рестрикции во јавната потрошувачка, додека Обама настојува со пораст на потрошувачката преку „квантитативни олеснувања“ (печатење на долари) и со пораст на даноците да се заздрави стопанството, да се намали невработеноста и да почне да се маналува надворешниот долг. А  ваквите разлики не се без последици врз односите на американските граѓани. Во концептот на Ромни сиромашните стануват релативно посиромашни, а богатите се‘ побогати. А порастот на нееднаквоста во американското општество, во трите децении пред последната глобална финансиска и економска криза, беше една од значајните причини за кризата.

Од ова јасно произлегува дека, зависно од интересите на одделни граѓани, не е сеедно кој ќе биде претседател на САД. Но, било кој да дојде ќе има големи тешкотии во динамизирањето на стопанството за да обезбеди намалување на невработеноста и на долговите. Во решавањето на внатрешните проблеми САД, и досега, имаа судир на интереси со определени земји, а во економијата, особено, со Кина околу наводната потценетост на кинеската валута. Обидот да се решат проблемите со притисоци и сила не дава резултати, бидејќи барањата на САД ги загрозуваат интересите на Кина, во случајот, и на другите земји. Имајќи го ова во предвид Обама на неколкупати избегна да ја именува Кина како „валутен манипулатор“ и, со тоа, да отвори процес на јакнење на протекционизмот кој може да се изроди во трговска војна,  додека Ромни  најави дека првиот ден во Белата куќа ќе го направи тоа. Нема голема веројатност да се случи тоа и колку да е тоа во интерес на САД. Зашто,и другите имаат свои интереси и право на среќа. Неодржливо е својата среќа  да се остварува на сметка на другите народи. Тоа значи дека е крајно време да се напушти практиката меѓународните проблеми да се решаваат билатерално (во согласаност со односот на силите) и да се пристапи кон мултилатерално уредување  на меѓународните економски односи, вклучувајќи го и создавањето на светска валута, наспроти националните во функција на светска. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот