Џафери ќе свика седница за разрешување на Зврлевски
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2017
Продолжениетo на седницата за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата републички јавен обвинител, ќе продолжи утре.
Oва го најави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.
„За разрешувањето на Зврлевски ќе закажам седница за утре, иако петок е ден за средби на пратениците со граѓаните. Тоа значи дека ако треба, седница ќе закажам и за в сабота и в недела“- изјави Џафери.
Пратениците на годишен одмор ќе одат од 8 до 25 август.
Локалните избори Талат Џафери ќе ги распише на 6 август за да може да се одржат на 15 октомври.