29 Март, 2024
0.0269

Џафери од Санкт Петербург: Потребна е целосна инклузивност за стабилност

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Мојата држава, Република Македонија, гради вистинско мултикултурно, мултиетничко и мултиконфесионално општество во кое преку инклузивноста на различностите, создаваме услови за економски, социјален и културен развој на секој поединец и на секоја етничка заедница, истакна во своето обраќање претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ја предводи парламентарната делегација на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Санкт Петербург.

Џафери рече дека со помош на меѓународните пријатели и дијалог во 2001 година Македонија успеала да избегне поголеми воени судири меѓу двете најголеми етнички заедници и оти токму нетолератноста и обидите за наметнување на ексклузивност на една етничка заедница врз друга довеле до ширење на верска нетрпеливост и големи воени судири во земјите од Западен Балкан.

– И да разјаснам, таа ексклузивност и таа, најблаго речена нетолерантност кон другиот, кон различниот, не се врзуваше за одредена етничка заедница туку за конкретни политички елити. Сепак, убеден сум дека сите ние, во рамките на своите држави а и на ниво на регион, научивме дека различноста, културна, етничка, јазична или верска, треба да се почитува и потребна е целосна инклузивност ако сакаме да обезбедиме стабилност и развој на секоја држава поединечно и на регионот во целост, рече Џафери. Токму за таа цел, додаде тој, Македонија во последната декада организираше неколку меѓународни конференции посветени на меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Џафери во својот говор предупреди дека мигрантската криза предизвикана од воените судири на Блискиот Исток и делувањето на таканаречената Исламска држава, претставуваат многу сериозни предизвици кои ја потхрануваат интолеранцијата, ксенофобијата и појавата на екстремизам.

– Сега е моментот кога ни е најпотребен дијалог и соработка, за да можеме успешно да се справиме со овие предизвици. Во тој дијалог и соработка треба да бидат вклучени сите национални и меѓународни институции, како и невладиниот сектор, доколку навистина сакаме успешно да се справиме со овие предизвици а притоа, почитувајќи ги принципите и стандардите на човековите права и слободи, истакна претседателот на македонскиот Парламент пред учесниците на ИПУ во Санкт Петербург.

Џафери ја предводи парламентарната делегација во чиј состав се пратениците Јован Митрески, Реџаиљ Исмаили, Јулијана Николова и Генерален секретар на Собранието на Република Македонија Цветанка Иванова.


Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата