18 Април, 2024
0.0269

ЏАФЕРИ ЗА СПОРОТ СО ГРЦИЈА: Подготвен сум да се вклучам во решавање на проблемот со името

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека не ја исклучува можност да се вклучи во решавање на спорот кој го има Македонија со соседна Грција околу името на државата.

„Ако надлежните институции сметаат дека е неопходно вклучување на претседателот на Собранието во процесот на преговарање, разговарање и изнаоѓање соодветно решение околу тоа прашање зошто не би“, рекол Џафери.

Тој напомена дека тој е претставник на официјална државна институција, Собранието на Македонија и дека во тој контекст во крајно можно решение би било нормално да биде вклучен и парламентот, имајќи предвид дека одредени одлуки секако минуваат низ парламентарна процедура.

На прашањето како го гледа начинот на кој би бил решен деценискиот спор на двете соседни земји околу името, тој рекол дека „како претседател на Собранието не би се впуштил во анализа на тоа прашање“.

Според неговите зборови постојат „надлежни институции кои го водат тој процес под покровителство на ОН“.

„Во тој контекст сувишно би било какво мое изјавување по тоа прашање“, рекол претседателот на  Законодавниот дом.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?