Џамбаски: Србија сакаше да направи пресврт спротивно на интересите на Македонија
Објавено во: Балкан 28 Август, 2017
Европратеникот Анѓел Џамбаски во неодамнешното интервју за БТВ вели дека дипломатскиот скандал меѓу Србија и Македонија е само неуспешен обид за пресврт од страна на Србија кој не успеа.
„Неспорно Македонија е многу важна тема за нас. Зошто Србија постапува така. Откриени се во обидот за пресврт. Сакаа да направат пресврт. Водечки офицери од српското разузнавање беа на чело на атакот кој се случи во собранието на Република Македонија и откриени се. Пресвртот кој сакаа да го направат беше во спротивно на интересите на Македонија, но со тој чин сакаа да се наметнат и врз договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија“ - изјави Џамбаски.
За подобрување на билатералната соработка меѓу Македонија и Србија премиерите на двете земји, Зоран Заев и Ана Брнабиќ во Драч договорија и посета на Заев во Белград во ноември која треба да финишира со заедничка владина седница.