28 Март, 2024
0.0535

Џејми Оливер има долг од 71,5 милиони фунти

Објавено во: Стил 12 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Познатиот и талентиран Џејми Оливер кој има ланец на ресторани во Британија и во САД има долг од 71,5 милиони фунти. 

Џејми Оливер им должи 2,2 милиони фунти на своите вработени, а минатата година остварил загуба од 10 милиони фунти, соопштуваат британските медиуми.

Пред неколку дена тој објави дека ќе затвори 12 ресторани во Велика Британија поради реконтрукција на компанијата. Таа реконструкција ќе се одрази врз вработените со што ќе бидат отпуштени околу 450 вработени како би се намалиле трошоците.  Тој има долгови за кирија, за кредити како и  за доставувачите на производи во неговите ресторани. 

Неговото богатство пак, се проценува на 150 милиони фунти. 


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи