20 Април, 2024
0.2085

Џек Ма: Луѓето пропаѓаат бидејќи целиот нивен живот само чекаат нешто!

Објавено во: Стил 26 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Основачот на кинеската платформа за веб трговија Алибаба Џек Ма рекол дека најлоши работници се сиромашните луѓе.

„Дајте им бесплатно, мислат дека тоа е замка. Речете им дека тоа е мала инвестиција, тие ќе речат дека не можат многу да заработат. Дајте им предлог да вложат многу, ќе речат дека немаат пари. Предложете им да пробаат нови работи, ќе се жалат дека немаат никакво искуство. Речете им дека тоа што го работат е традиционална работа, тие ќе речат дека е тешко да се работи. Ако има кажете дека тоа што го прават е нов бизнис модел, тие ќе речат дека тоа е МЛМ маркетинг (начин на дистрибуција во кој фирмата ги продава своите производи по пат на самостојни дистрибутери до крајните купувачи) - рекол еден од најбогатите луѓе во Кина и додал:

„Ако пак им предлозите да отворат продавница, тие ќе се жалат дека немаат слобода. Кога им предложите да покренат нов бизнис, ќе ви речат дека не се доволно професионални.

Ма исто така рекол дека сиромашните сакаат за се да го прашаат Гугл, да ги слушаат пријателите кои се безнадежни како и тие. Тие мислат повеќе од универзитетски професор, а работат помалку од слеп човек.

„Само прашајте ги, што работат и нема да можат да ви одговорат“, рекол тој.

На крајот го изнел заклучокот:

„Наместо вашето срце да чука брзо, зошто едноставно не дејствувате малку побрзо?Наместо само да размислувате за нешто, зошто не направите нешто поради тоа? Сиромашните луѓе пропаѓаат поради едно заедничко однесување. Нивниот цел живот е во чекање!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган