23 Април, 2024
0.1044

ЏЕК МА ВО ДАВОС: Зошто Американците им се лути на своите компании?!

Објавено во: Економија 19 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Еден од гостите на вториот ден на Светскиот економски форум во Давос бил Џек Ма, основач на Алибаба, кој во многу интересно интервју говорел за глобализацијата, посебно за американскиот однос кон неа.

„Американските интернационални компании направиле милиони и милиони долари од глобализацијата, но тоа богатство, никогаш не било чесно распоредено, што ја објаснува и лутината која ја чуствува американскиот народ“, рекол Ма и додал дека мислењето дека дргугите земји ги „крадат американските бизниси“ односно американски стратегии, постои бидејќи тие не ги „дистрибуираат парите на вистински начин“.

Ма смета дека наместо бариерата кога е во прашање трговијата, САД треба да работат на реформирање на глобализацијата.

„Верувам дека глобализацијата е добра, но мора да биде подобрена. Таа треба да биде инклузивна глобализација“, рекол Ма, бидејќи како вели, во последните 30 години американските компании заработиле огромни пари, а проблемот е во тоа каде отишле тие пари.

 „Кога слушам за Америка, само ја слушам Силиконската долина и Волстрит. Парите одат во Волстрит. И тогаш се случи финансиската криза во 2008 година, и голем дел од тие пари едноставно исчезна“, вели кинескиот бизнисмен кој додава дека компаниите би требало да вложат во својот народ и да го поправат и нивниот живот.

Тој исто така рекол дека како Кинез е горд на зборовите на кинексиот претседател кој најави дека Кина во следните 10 години ќе се преориентира од извоз на увоз, а според зборовите на Џек Ма, тоа ќе биде голема промена како за Кина така и за светот ако се случи.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска