Џихадисти планирале напад врз израелските фудбалери во Албанија
Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2016
Фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Израел е прогласен за меч со висок ризик откако полицијата уапси четворица албански државјани осомничени за тероризам.
- Израелската тајна служба Мосад доставила информации до албанските власти дека се подготвува терористички акт против израелските фудбалери на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Албанија и Израел на 19 ноември во Скадар.
веднаш по добиените информации, албанските власти ги превзеле сите потребни мерки, по што следувало апсењето на четирите лица, а најмалку 30 се под истрага поради поврзаност со ИД.
Поради постоење сомнеж дека е можен обид за терористички напад, фудбалскиот натпревар Албанија-Израел, во договор со израелската фудбалска федерација наместо во Скадар, ќе се одигра на стадионот во Елбасан.