Џихадистите од „Исламска држава“ се враќаат на Балканот
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2017
Oколо 400 џихадисти најверојатно се обидуваат да се вратат на Балканскиот полуостров, предупреди д-р Мохамед Халаф.
Лавдрим Мухаџери косовскиот месар, автор на убиства и обезглавување, вклучувајќи и деца, снимени и пуштени како клипови на „Исламска држава" на интернет, може да се врати на Балканот.
Тој е само еден од околу 400 членови на терористичката група, кои избегале од Ирак и Сирија, кои веројатно се обидуваат да се вратат во родните земји на Балканскиот полуостров, појасни новинарот Халаф.
Според д-р Халаф сите исламисти во Косово се под контрола на службите, иако речиси 150 џихадисти се уапсени, во согласност со законот кој ги криминализира пристапувањето кон „Исламска држава".
„Сега оваа војна се пренесува во европските држави и на Балканот"-истакна д-р Халаф.
Друг опасен член на „Исламска држава", кој би можел да се врати на Балканот, е Италијанец од албанско потекло. Неговата активност ја поддржува и неговата сопруга, која го прифаќа исламот и почнува да врбува млади жени од Италија да служат на џихадистичката група.