ЏИХАДИСТИТЕ ПРЕЗЕМААТ ОДГОВОРНОСТ: Човекот кој во Русија избоде луѓе е член на ИД
Објавено во: Свет 19 Август, 2017
Џихадистичката група „Исламската држава“ објави дека напаѓачот кој денеска избоде луѓе со нож во градот Сургут во Сибир е нивен член.
Весна ја пренесе агенцијата Амак, поврзана со „Исламската држава“.
Напаѓачот ранил седум луѓе пред да биде застрелан од полицијата. Првично беше соопштено дека биле избодени осум луѓе. Истражниот комитет информира дека напаѓачот е локален жител роден во 1994 година и дека се истражуваат „неговите можни психијатриски нарушувања“.
Регионалното Министерство за внатрешни работи информира дека властите не се сомневаат во тероризам.
„Дејли Мејл“ објави дека напаѓачот носел појас со експлозив.
Сургут е центар на сибирската нафтена индустрија. Во градот кој е на 2100 километри североисточно од Москва живеат околу 300.000 жители.
Групата „Исламска држава“ ја презеде одговорноста и за терористичките напади во Шпанија деновиве во кои загинаа 14 луѓе.