25 Април, 2024
0.0275

ЕЦБ ја затвори вратата кон дополнително намалување на каматните стапки

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Европската централна банка (ЕЦБ) ја остави својата програма за квантитативните олеснување без промена во четвртокот, но ја затвори вратата кон дополнителни намалувања на каматните стапки, додека инфлацијата останува под целта покрај забрзувањето на економски раст, соопштува Ројтерс.

Програмата со стимулации на ЕЦБ планира стекнување на обврзници за 2,3 трилиони евра, а банката им наплаќа на доверителите кои држат непотребен кеш, преку негативни каматни стапки, во обид да го стимулира растот на цените во еврозоната до целта од малку под 2%.

Иако инфлацијата се стабилизира на ниво над 1%, ЕЦБ останува неволно настроена кон затегнување на политиката, бидејќи стравува дека забрзувањето неодамна се должи главно на енергетските цени, а растот на платите продолжува да е слаб.

Во насоките од четврток ЕЦБ вели дека очекува клучните каматни стапки да останат на сегашното ниво на неодредено време и доста по крајот на купувања на средства. Во насоките од претходните решенија сепак банката обично посочуваше дека каматните стапки ќе останат на сегашното „или пониско“ ниво, а токму тоа ја сугерира промената во расположението на ЕЦБ.

Банката, потврди дека купувањето на средства кои беа намалени за една четвртина до 60 милијарди евра месечно од април, можат да бидат зголемени или продолжени ако изгледите пред еврозоната станат помалку поволни.

ЕЦБ ја задржа својата основна каматна стапка на депозитите, која е нејзината главна алатка за каматните стапки, без промена на ниво од -0,4%.

Основната стапка на рефинансирање, која ги одредува трошоците за кредити во економијата, исто беше зачувана на нивото од 0,00%.

Пазарите сега ја очекуваат пресконференцијата на Марио Драги во 15:30 часот на која Гувернерот на ЕЦБ би требало да претстави повеќе информации за одлуката дека нема промени во политиката.

Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст