28 Март, 2024
0.0247

ЕЦБ продолжува со програмата: Еврозоната уште има потреба од поттикнување

Објавено во: Економија 21 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги изјави вчера на крајот на седницата на банката по монетарната политика дека инфлацијата останува ниска во еврозоната и дека 19-те земји кои ја вовеле единствената валута, имаат потреба од уште парични стимулации, пренесоа AP.

Драги даде традиционална прес-конференција по состанокот на 25-те членови на Управниот одбор, на која водечките камати останаа без промена.

Еврото поскапе до близу 14-месечен врв во четвртокот попладне по изјавата на Драги дека последниот подем на валутата не е доволен повод за загриженост за Управниот одбор, пренесе Financial Times. Истовремено, тој даде сигнал дека ЕЦБ се уште не е блиску до промена на политиката.

Драги призна дека силата на еврото „добила некое внимание“, велејќи дека „последното нешто кон кое што цели Управниот одбор“ е ненадејна промена на условите за финансирање. Тој, сепак, истакна дека „условите за финансирање како целина остануваат во поддршка на враќање на инфлацијата кон целните нивоа“.

Како што се очекуваше, Франкфуртската финансиска институција ја задржа на нула водечката камата, која е референтна за кредитирањето во еврозоната. Каматата на депозитите е минус 0,4 отсто.

ЕЦБ не ја промени и големата програма за откуп на должничка вредност, која е во вредност од 60 милијарди евра месечно. Банката си остави отворена врата за нејзино зголемување, како и за продолжување на нејзиниот рок, ако е потребно.

Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“