Eден министер повика да се „внимава на Шпанија“
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2017
Меѓународната заедница треба „внимателно да ги следи потезите на Шпанија“, вели белгискиот заменик-премиер и министер за внатрешни работи, Јан Јамбон.
Според него, потребно е големо внимание со цел да се обезбеди правично судење на разрешениот претседател на каталонската влада , Карлес Пучдемон во Мадрид.
„Сега само го поставувам прашањето како една држава-членка на Европската Унија може да отиде толку далеку - и се прашувам, каде е Европа да го изнесе својот став за тоа“- изјави Јамбон за белгиската телевизија ВТМ.
Белгискиот министер вели дека „постои шпанскиот закон, но и меѓународното право, Европската спогодба за човекови права и такви работи, кои доаѓаат пред законот на земјата-членка на ЕУ“, пренесе АП.
Пучдемон, заедно со четири од неговите поранешни министри, утрово ѝ се предаде на белгиската полиција, по што се ставени во притвор и треба да бидат сослушани од белгиски судија. Не се знае тие дали ќе бидат екстрадирани во Шпанија, која издаде европска потерница по нив.