19 Април, 2024
0.0262

„Еден регион – една економија“, тема на Сараево бизнис форумот 2017

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Преку 1600 учесници од над 30 земји, меѓу кои и актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претседатели на големи корпорации, на банки и на ЕУ се учесници на традиционалниот Сараево бизнис форум кој започна денеска.

Главното мото со кое се започна еден од панелите на годинешната средба е „Еден регион, една економија – Поврзување и потенцијали“, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), коорганизатор на средбата. 

Јирки Катаинен, потпретседател на Европската комисија(ЕК) рече дека со радост го очекува претстојниот самит на Западен Балкан во Трст, кога лидерите од регионот ќе ја потврдат својата желба да се движат кон единствен регионален економски простор. Тоа ќе даде резултати поврзано со геслото - едно место за инвестиции, еден регион, една економија, рече потпретседателот на ЕК.

Малите регионални економии можат да сторат многу, но не можат да ја променат големината на пазарот, изјави еден од главните воведничари, поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ. Тој додаде дека Југоисточна Европа (ЈиЕ) не може пасивно да се однесува кон меѓународните економски промени и дека мора да ја засили својата конкурентност преку подобрувањето на логистиката и инфраструктурата.

Данило Турк поранешниот претседател на Словенија, се заложи за став на пошироко вмрежување, без да се ограничуваат земјите од регионот само на концептот на поврзување во ЈиЕ, туку и на соседните региони.

Економската интеграција на ЈиЕ е сигурен пат кон ЕУ. Економската соработка на стопанствата во ЈиЕ е императив за зголемување на инвестициите и конкурентноста на регионот, изјави Драгана Ѓурица, експерт за конкурентност на Регионалниот совет за соработка, организатор на панелот.

Сараевскиот бизнис форум кој се одржува осма година по ред, го следат и околу 350 домашни и странски новинари. Тоа е регионална инвестициска конференција, чија главна цел е да ги привлече странските инвеститори преку покажување на потенцијалите во Југоисточна Европа.

Можеби ќе ве интересира

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!