Еди Рама: Мора да се однесуваме Европски пред ЕУ
Објавено во: Економија 17 Октомври, 2017
Еди Рама, премиерот на Република Албанија, на премиерскиот панел на Самит 100 кој се одржува во Скопје посочи дека додека земјите од Западен Балкан чекаат да станат дел од ЕУ мора да се однесуваат Европски.
„Кога го стартувавме Берлинскиот процес знаевме дека ќе има пречки и недостатоци, но гледајќи денес гледаме дека има прогрес. Една од најважните поенти е дека овој акциски план во кој секоја земја треба да промени начинот на која комуницира со другите. Пред да го добиеме членството во ЕУ треба да ги тргнеме на страна одредени традиционални пречки и да ослобдиме нова енергија за соработка преку средби и договори“, посочи Рама на панелот.
*Фактор е еден од главните медиумски партнери на Самит100.