19 Април, 2024
0.0779

Eдинствена конференција за семејни бизниси во Мaкедонија

Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Семејните компании се темел на глобалната економија. Тие инвестираат на подолг рок и ја поддржуваат нивната заедница и вработени. Нивните амбиции, флексибилност, поттик и знаење ги става во витална и цврста позиција да просперираат и растат. Но, овие бизниси се соочуваат со дополнителни предизвици кои произлегуваат не само од работењето, туку и од комплицираните семејни односи. 

Овие предизвици ги обработува Конференцијата за семејни бизниси, во организација на Клиар Вју Бизнис Тренинг Центар, која ќе се оддржи на 31 мај во Бизнис салата на Скопски саем. Оваа година на конференцијата ќе се зборува на нови три теми: 

1. Најголемата болка на наследниците – Како да го преземат лидерството во компанијата и да воспостават авторитет? 

2. Корпоративно управување во семејни компании 

3. Што треба, а што не треба да се преземе од светските практики на трансфер на сопствеништвото? 

Темите разработени на конференцијата ќе одговорат на следните прашања: 

 Како вработените да Ве прифатат како новиот лидер на компанијата? 

 Како да ја уверите претходната генерација дека Вашиот лидерски стил кој е различен од нивниот ќе ја води компанијата во успешна насока?

 Како да го добиете признанието од претходната генерација дека сте способни да го водите бизнисот? 

 Како да го поведете бизнисот во нова или различна насока, а притоа да ги почитувате достигнувањата на претходната генерација? 

 Дали светските практики на транзиција кај семејни компании кои постојат 200 години се применливи во македонските компании кои постојат само 20 години? 

 Од каде да почнете да работите на уредувањето на односите во Вашата семејна компанија? 

 Кога всушност е соодветно време за малите и средни семејни компании да почнат да размислуваат за управување?

 Како корпоративнотот управување ќе ви помогне да ги надминете слабостите кои се карактеристични за семејните бизниси, како што се: неформалните односи, недостатокот на дисциплина и комплексната управувачка структура? 

 Како да ја максимизирате користа од семејното сопствеништво? 

 Како успешно да ги надминете предизвиците кои ги носи растот на компанијата и истовремено таа да остане одржлива?

Говорници на конференцијата се: 

г. Борис Вукиќ, сениор Adizes консултант, експерт за семејни бизниси и 

г. Алексеј Волнец, офицер за корпоративно управување во департманот за управување за животна средина и за социјални прашања во Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ), дел од Групацијата на Светската банка во Вашингтон, САД. Негова специјалност се дизајнирање и испорака на тренинг програми за градење на капацитетите на раководните лица за управување со мали и средни претпријатија. 

Освен предавачите, на конференцијата ќе имате можност да го чуете и искуствата на неколку панелисти, успешни македонски бизнисмени кои доаѓаат од семејни компании: 

- г. Сашко Самрџиоски од Прилепска Пиварница 

- г. Виктор Петков од Випро

 - г. Анатол Кутревски од Пекабеско 

- г-а Ирена Јакимовска од Комфи Ангел -

 г-а Фросина Мешкова од Свисслион 

- г. Иван Новаковски од Меѓународното училиште НОВА 

- г. Горан Ѓорѓиоски од Специјал

 - г. Александар Саздов од Издавачки Центар ТРИ 

Не ја пропуштајте единствената Конференција за семејни бизниси во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023