ЕДИНСТВЕНИ И УРНЕБЕСНИ: 27 работи кои ги прават само Балканците!
Објавено во: Балкан 03 Декември, 2016
Балканците во светот важат за едни уникатни личности по многу работи. Ние ви издвојуваме 27 нешта кои го докажуваат токму тоа.
Еве по што сме единствени и се разликуваме од Германците, Американците и Кинезите, а ви гарантираме дека ќе се пронајдете и вие во некоја од нив:
1. Моравте да ја делите собата сè додека не наполнивте 27 години.
2. Сè што јадете мора да биде зачинето со кромид и лук.
3. На аеродром обично имате најмногу куфери.
4. На забавите обично доцните најмалку 1 час и мислите дека тоа е сосема нормално.
5. Сите деца во семејството имаат прекари кои воопшто не се слични со нивните вистински имиња.
6. Кога си одите од гости застанувате на вратата и зборувате барем уште еден час.
7. Мајка ви секогаш ви вели дека сте премногу слаби иако имате барем 10 килограми повеќе од нормалното.
8. Домот ви е преполн со лекови на кои рокот на траење одамна им истекол.
9. Не знаете да ја употребувате машината за садови.
10. Ве избркале од некој ресторан затоа што сте биле премногу гласни.
11. Имате стара искината крпа во кујната и неа најмногу ја употребувате.
12. Кесите од продавница ги употребувате како кеси за отпадоци.
13. Вашиот татко барем еднаш има заклaно јагне во дворот.
14. Никогаш не се придржувате до рецептот кога готвите.
15. Кога зборувате со родителите, секогаш викаат иако знаат дека сосема добро ги слушате.
16. Ако повеќе не живеете со родителите, сепак се јавуваат да ве прашаат дали сте јаделе.
17. Сосема нормално е на свадбата да имате и 500 гости, некои дури и првпат во живот што ги гледате.
18. Вашата сестра која има само 15 години може да испие многу повеќе од било кој Американец.
19. Имате модерни кујнски апарати, ама вашата мајка сè уште ја употребува рерната на дрво во вашиот подрум.
20. Имате подобар автомобил од вашите родители, иако е на нивен терет.
21. Вашите родители заминале еднаш на одмор и тоа без да излезат од граница.
22. Верувате дека вашата иднина е запишана во шолјата за кафе.
23. Алкохолот го криете по куфери, во пластични шишиња, под тони облека.
24. Вашето презиме се состои од 17 согласки и 2 самогласки.
25. Вашите родители наместо ЦД користат касети.
26. Се пронаоѓате во повеќето од овие ситуации.
27. Вашата мајка вели дека промајата убива.
Сигурни сме дека се пронајдовте во некоја од овие точки, а доколку сметате дека нешто сме пропуштиле да напишеме, пишете ни во коментар и ќе го додадеме на листата.