20 Април, 2024
0.0247

Единствениот Nexus 4 од денес во ВИП

Објавено во: Мои пари 05 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Најновиот модел на престижната серија на паметни телефони Nexus 4 веќе е достапен и на македонскиот пазар, објави Вип операторот во соработка со LG Electronics и Google. Најновиот Nexus мобилен телефон ги комбинира елегантниот дизајн и супериорен хардвер од LG Electronics, со најновата верзија на оперативниот систем Android 4.2, Jelly Bean и одличните можности кои ги нуди Google Apps, беше истакнато на денешната презентација. -Среќен сум што токму Вип има ексклузивна можност да ја дополни својата понуда на најсовремени мобилни уреди со најновиот супериорен уред ЛГ Nexus 4, кој веќе е вистински хит, меѓу корисниците ширум светот. Со ова уште еднаш ја потврдивме нашата трајна определба да им ги направиме достапни на нашите корисници најнапредните светски технолошки решенија“, рече Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на Вип. Тој информираше дека новиот телефон веќе е достапен во салоните на Вип за 0 денари со бизнис тарифата No Limit. Управниот директор на LG Electronics Magyar Kft истакна дека пазарот на смарт телефони во светот и во Македонија е во постојан подем, а со влезот на Nexus 4 LG потврдува дека му посветува големо внимание на македонскиот пазар. -За на беше важно де само да го направи најбрзиот и најбогатиот со карактеристики паметен телефон, туку да создадеме апарат кој предизвикува радост и задоволство при користењето“, рече Ли. Тој изрази уверување  дека корисниците во Македонија ќе бидат воодушевени од, како што рече, совршената избалансирана комбинација на формата и функционалноста на најновата генерација на оперативниот систем Android. Nexus 4, меѓу другото, поседува 8MP камера со високи перформанси, која може да го опфати секој детал од околината. Со овој телефон може да се сликаат фотографии во сите правци, кои заедно создаваат сферна слика. Телефонот содржи процесор, кој овозможува високи брзини и голема можност. Сурфањето на интернетот, богатата 3Д графика и игри, се овозможени со едноставно преминување од една друга апликација. Nexus 4 доаѓа заедно со најновите Google апликации, обединувајќи го најдоброто од Google на дланка на корисниците.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга