25 Април, 2024
0.0408

Една година без Груевски: премиер во сенка или политички губитник?

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

На денешен ден: Никола Груевски една година В.Д. премиер

Пред точно една година деценискиот премиер на Македонија, Никола Груевски, поднесе оставка од функцијата. Принудно. Оставката беше дел од Договорот од Пржино, според кој, требаше преодна влада да ги организира и спроведе вонредните избори закажани на 24 април.

„Ова е важен чекор за мојата верба во вас, граѓаните на Македонија. Мојот план е да бидам постојано со вас, да споделуваме идеи и планови проекти и чекори што дополнително да направиме, заеднички ќе обзнаниме една нова ера, визија за подобра иднина. Јас верувам во вас и во Македонија. Одиме напред, заедно рамо до рамо, секој ден до денот на изборите, кога гордо ќе кажеме дека успеавме“, рече Груевски во говорот во кој ја најави оставката.

И навистина си го одржа зборот. Не помина речиси еден ден во изминатите 365 дена, Груевски да не се појави на некој промотивен настан во придружба со неговите министри и функционери. Тој секогаш ја имаше главната улога и беше во првите редови, без разлика што тој беше само лидер на партија, без никаква државна функција.

Груевски на потпишување на договор со „Ван Хол“. Одржа говор на празникот Свети Сава. Промовираше мерки за младите и нова инвестиција на „Џонсон контролс“. Немаше ден, а поранешниот премиер Никола Груевски да не е присутен на настан финансиран со пари од државата.

За свој наследник Груевски го одбра дотогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, кој требаше да му ја чува фотелјата до изборите. Но, изборите не се одржаа на 24 април бидејќи според опозицијата не беа исполнети условите дефинирани во Договорот од Пржино.

Од премиерска фотелја на обвинителна клупа 

Следен датум за одржување на изборите беше одреден 5 јуни. Во меѓувреме Груевски го зафатија турбулентни денови. Прво беше амнестиран од претседателот Ѓорѓе Иванов, иако неговото име не беше споменато во ниту еден дотогашен случај на Специјалното јавно обвинителство. Но, веднаш по аболицијата беше осомничен за уривањето на објектот „Косомос“ на Фијат Цаноски, во случајот на СЈО под кодно име „ТНТ“. Вториот случај за кој Груевски е обвинет се насилните протести пред општина Центар во 2013 година. Груевски 10 години удобно се заседна во премиерската фотелја, но сега го почувствува и студеното столче во суд, на кое седат обвинетите кои се гонат за кривични дела. 

Апанажата му истекува, составувањето на Владата неизвесно

Изборите се пролонгираа и по втор пат, но Груевски и натаму од сенка управуваше со Владата. Без оглед што формално не е премиер. Тој го прекина и семејниот одмор во Турција за време на поплавите во Скопје и се врати како спасител. Беше во улога на премиер и врховен командант. Тој прашуваше, тој даваше насоки, тој вршеше увид, а се фати и за лопата за да им помогне на поплавените граѓани.

Конечно изборите се одржаа на 11 декември, а ги спроведе техничката влада на чие чело и натаму е Емил Димитриев. По точно една година откако ја поднесе оставката во Собранието, Никола Груевски не успеа да се врати на функцијата. Тој е лидер на партија и поранешен функционер, кому апанажата му истекува денеска. Во моментов е и во улога на мандатар и се надева дека повторно ќе застане на чело на Владата.


Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг