22 Февруари, 2017
0.4673

Една одлука на Кина му зададе удар и го турна на дно биткоинот

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2017

Цените на биткоинот паднале повеќе од 30 отсто за два дена, откако Централната банка на Кина покрена проверка на бизнисите на своите најголеми платформи за тргување.

Вредноста на биткоинот моментално е околу 760 долари, што е пад за околу 18 отсто во однос на завчера.

Како што е соопштено на сајтот на кинеската централна банка, проверката на бизнис работењето на најголемите платформи, вклучувајќи ги и  “BTC China”, “Huobi” и “OKCoin”, е покренато како би се спречиле пазарни манипулации, перење пари и неовластено финансирање.

Истовремено, кинеските монетарни власти нагласија дека биткоинот е стока, а не валута, предупредувајќи на ризик на тргување со криптовалута.

На крајот на 2016 биткоинот достигна вредност од околу 1.130$, воглавно поттикнат од силната побарувачка во Кина, која ја сочинува најголемиот дел од глобалната трговија со виртуелната валута. Растот на вредноста на биткоинот е поврзан со падот на вредноста на јуанот од 7% на годишно ниво, што е најлош впечаток на кинеската валута во 20 години.

Можеби ќе ве интересира

ПУСТИ МЕРАК: Бонева, Урумов и Ибраими, кој најмногу се офајдил од патни трошоци?

ПУСТИ МЕРАК: Бонева, Урумов и Ибраими, кој најмногу се офајдил од патни трошоци?

Колку пари треба да има македонски кошаркарски клуб за да игра во регионалната АБА лига?

Колку пари треба да има македонски кошаркарски клуб за да игра во регионалната АБА лига?

Јован Јоанидис продал 23,2 отсто од акциите во „Технометал Вардар“ за 83.000 евра???

Јован Јоанидис продал 23,2 отсто од акциите во „Технометал Вардар“ за 83.000 евра???

Германија и Франција ќе ја повлечат еврозоната напред

Германија и Франција ќе ја повлечат еврозоната напред

Арапи му нуделе 350.000 евра за куќа и плац, но ги одбил

Арапи му нуделе 350.000 евра за куќа и плац, но ги одбил

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ГИ КРАТИ ПАРИТЕ: Помал детски додаток за гастербајтерите

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ГИ КРАТИ ПАРИТЕ: Помал детски додаток за гастербајтерите

Бафет сака да продаде вила со 7000% профит

Бафет сака да продаде вила со 7000% профит

Во овие градови кириите се најскапи

Во овие градови кириите се најскапи

Работодавец привлекува работници од целиот свет, што им нуди?

Работодавец привлекува работници од целиот свет, што им нуди?