25 Април, 2024
0.6599

Една земја го забрани биткоинот

Објавено во: Економија 13 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Јужна Кореја го забрани биткоинот и другите виртуелни валути. 

Со оваа одлука финансиските институции во земјата повеќе немаат право да ги користат биткоините како инструмент за плаќање.

Според забраната, која беше официјално прогласена од администрацијата на премиерот Ли Нак-јон, финансиските институции немаат право да купуваат, да продаваат или дури да имаат достапни криптовалути.

Меѓу нив спаѓа и биткоин кој експлодираше во последните месеци и во моментов се тргува за околу 16.555 долари за монета и е многу успешен во Јужна Кореја.

Азиска држава, која е 11-та најголема економија во светот, формира околу 1/5 од светските трансакции со криптовалутата што е 10 пати повеќе од уделот нејзин во светската економија.

Скоро 1 милион Јужнокорејци – особено мали инвеститори – држат биткоини, a побарувачката во земјата е толку силна што цените на дигиталното платежно средство се за 20% повисоки од оние во САД – водечкиот светски биткоин пазар.

Во неделата биткоинот направи одлично деби на берзата во Чикаго, откако инвеститорите се радуваа на признавањето на виртуелната валута, која  предизвикува големи стравови од шпекулативен балон.

Покрај биткоинот, во последните два дена уште две други криптовалути тргнаа по неговите стапки со висок раст. Станува збор за етерумот и лајткоинот.

Од почетокот на неделата вредноста на овие валути вртоглаво расте. Во понеделникот претпладне еден лајткоин чинеше околу 150 долари, а синоќа достигна вредност од над 320 долари, што е раст од 110% за помалку од 48 часа.

Етерумот во понеделникот вредеше 460 долари, а денеска неговата вредност достигна до над 630 долари, или раст од околу 40%. 

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?