Една жена против седуммина мажи ќе се бори за градоначалничка на Скопје
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017
Левица и официјално соопшти дека ќе има свои кандидати на локалните избори.
Од оваа партија поднеле 11 советнички листи до Општинските изборни комисии за Град Скопје, Карпош, Ѓорче Петров, Битола, Куманово, Велес, Штип, Гевгелија, Крива Паланка, Старо Нагоричане додека во Општина Росоман Левица дала поддршка за кандидирање на независна земјоделска листа.
Покрај ова, Левица поднела и кандидатури за градоначалник на Град Скопје, Општина Центар и Општина Гази Баба.
Со единствената жена Марија Џонс која доаѓа од редовите на Левица за главниот град ќе се борат Петре Шилегов од СДСМ и актуелниот градоначалник Коце Трајановски кој повторно ќе бара поддршка од Скопјани од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
„Учеството на локални избори за една млада структура која располага со ограничени финансиски ресурси не е воопшто лесна работа, како од логистички, така и од финансиски аспект. Убедени сме дека на наредни избори со заеднички сили ќе имаме уште поголемо учество“, велат од Левица .
За градоначалничката фотелја во Скопје ќе се тркаат и Ванчо Шехтански од ТМРО, Беким Фалзиу од ДПА, Нафије Селмани од БЕСА, Наим Бајрами од Алијанса на Албанците и Ѓорѓи Тодоров од НДМ.