25 Април, 2024
0.0290

ЕДНА ЖЕНА СЕ БОРИ СО ЧЕТИРИ МАЖИ: Шест сценарија за изборите во Франција

Објавено во: Свет 23 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Непосредно пред првиот круг од претседателските избори во Франција, разликата помеѓу главните учесници во изборниот маратон е минимизиран и се приближува до статистичката грешка. Според ветераните во политиката никогаш порано резултатите од првиот круг не биле толку неизвесни, како сега.

Аналитичарите посочуваат најмалку шест можни сценарија. Фаворитот во трката - центристот Емануел Макрон, не се смета како сигурен победник во ниту еден од нив. Шансите остануваат на главните опоненти - претседателот на десничарската партија "Национален фронт" Марин Ле Пен, кандидатот на "Републиканска" партија и поранешен премиер Франсоа Фијон, како и лидерот на левото движење "Непокорна Франција" Жан-Лук Меланшон.

Десет дена пред да се потресе светот

При првото сценарио победниците на првиот круг ќе бидат Макрон и Ле Пен. Во оваа фаза шансите меѓу двајцата се еднакви. Ако пред еден месец за Емануел Макрон беа подготвени да гласаат 25-26% од гласачите, денес неговиот електорат е скратен до 23-24% и не расте. Истата поддршка ја добива и кандидатот на "Националниот фронт" Марин Ле Пен.

Според прогнозите во вториот круг Макрон може да ја претекне Ле Пен со 20%. Но под услов да е еден од двајцата финалисти на изборите и нема да изгуби ништо во претстојните десет дена. Околу 1/3 од електоратот не може да каже како ќе гласа во првиот круг на изборите. Критиките кон Макрон се поврзани со неговата центристичка позиција и кратко политичко искуство на 39-годишниот кандидат.

Дуел на ораторите

Второто сценарио го предвидува крајниот дуел да е меѓу Меланшон и Ле Пен. Во оваа борба лидерот на движењето "Непокорна Франција", кој ќе биде поддржан од електоратот на обединетата левица, мора да победи пред раководителот на "Националниот фронт". Меланшон може да победи, ако поддржувачите на Фијон не одлучат да гласаат за Ле Пен.

Шефот на "Непокорна Франција" натера многу луѓе да поверуваат дека е способен да го победи лидерот Емануел Макрон и не штеди напори за тоа. Во февруари Меланшон се појави истовремено на два митинга: во Лион со сопствената персона, а во Париз - со помош на холограм. Следната недела тој се појави преку холограм на шест места истовремено.

Гласачите да се вратат на Фијон

Поддржувачите на третото сценарио гледаат крајна битка меѓу Фијон и Ле Пен. Тој има шанса да ја победи Ле Пен, ако левицата не одбие да го поддржи во овој спор. Но дуелот нема да биде лесен. "Национален фронт" ќе остане првата партија, за која ќе гласаат младите во Франција", смета социологот Ен Миксел.

Стравувањата на поддржувачите на Макрон

Во четвртото сценарио финалната битка ќе се случи меѓу Макрон и Фијон. Во оваа конфигурација поголема шанса има лидерот на партија "Марш", освен ако од лево не преферираат да се воздржат во знак на протест против социјал-либерализмот на Макрон.

Поддржувачите на Макрон се плашат дека неговата популарност почна да се намалува, што се должи на сигналите од Елисејската палата и нискиот рејтинг на претседателот Франсоа Оланд. Макрон беше негов доверлив советник, а потоа министер за економија. Според други поранешни политичари транзицијата кон Макрон нема да ја промени ситуацијата во земјата.

Кој го одржува електоратот на десничарите?

Во петтата верзија на настаните се среќаваат Меланшон и Макрон. Доминанта во оваа споредба е Макрон ако електоратот, гласал за десничарите го поддржат. Но не е исклучено дека гласачите на Ле Пен ќе одлучат да го казнат и да ја поддржат левицата.

Наследството на Шарл де Гол

Во шестото сценарио на финалето ќе се состанат Фијон и Меланшон. Фијон секогаш зборува за лојалноста кон наследство на генерал Шарл де Гол. А Меланшон назад - сака промена на политичкиот режим, замена на Петтата република, во која се развиле институциите во ерата на де Гол. "Петтата република задушува", вели тој. Таа се претворила во "претседателска монархија", која управува со "олигархијата".

Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму