25 Септември, 2016
0.6153
    ALK 5385.56    0.39%     FERS 41116    0.83%     GRNT 527.84    1.95%     JUGO 825    -2.94%     KMB 2405.19    1.07%     LOTO 127    35.11%     MPT 23985.4    1.2%     MTUR 3417.37    -0.67%     OHB 3250    0%     PPIV 30466.67    -0.11%     RZLE 11    0%     RZLV 16    0%     SBT 1250    0%     STB 530    -0.93%     TNB 7500    0%     TPLF 831.95    3.22%

Едно евро за квадрат откуп на земјиште од дивоградбите

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2013

За едно евро по метар квадратен секој граѓанин ќе може да легализира земјиште кое се наоѓа под дивите градби, а е државно, предвидува новата владина мерка донесена на последната седница на Владата, која стапува на сила веднаш.
-Најголемиот дел од овие 360.000 семејства практично ќе ја имаат можноста по симболична цена за едно евро по метар квадратен да си ги откупат и дворните места, да можат после тоа да имаат не само легализирана куќа, туку и свој двор, да можат доколку во иднина сакаат да ја срушат старата куќа, да изградат нова, да ја доградат, да ја надградат или да ја продадат, да ја дадат под залог за да има поголема вредност да земат кредит“, истакна Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во средното училиште “Зеф Љуш Марку“ во општина Бутел.
Со оваа одлука, тој посочи дека го комплетираат прашањето на сопственоста на имотите во целост, по мерките за денационализацијата, враќањето на старите заробени девизи, легализацијата на дивите градби и дворовите за едно евро по метар квадратен.
-Значи некој има изградено дива градба на државно земјиште и сега ја легализира дивата градба, но земјиштето се уште не е негово. Тоа е државно, а тој треба да плаќа или закуп или да гарди нелегално ако сака да догради или ако е стара куќа сака да ја сруши да изгради нова или да ја надгради, тој не може бидејќи секое поместување ќе значи нова дивоградба за која тој штотуку се ослободил. Затоа одлучивме и земјиштето кое се наоѓа под дивите градби, а е државно, секој граѓанин да може да го легализира за едно евро по метар квадратен“, додаде премиерот Никола Груевски.

Можеби ќе ве интересира

Иванов со Бан Ки-мун, претседателот пофален за ангажманите во ОН

Иванов со Бан Ки-мун, претседателот пофален за ангажманите во ОН

EФН со проект ќе ја враќа медиумската слобода во Македонија

EФН со проект ќе ја враќа медиумската слобода во Македонија

Средства за поплавените се делат партиски, обвини СДСМ

Средства за поплавените се делат партиски, обвини СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ му порача на Заев да не „плаче“ кај амбасадорите

ВМРО-ДПМНЕ му порача на Заев да не „плаче“ кај амбасадорите

Какви измени бара СЈО за заштитените сведоци?

Какви измени бара СЈО за заштитените сведоци?

Зекири до Ѓорчев: Сонуваш за Чиста Македонија, ама ќе одговарате

Зекири до Ѓорчев: Сонуваш за Чиста Македонија, ама ќе одговарате

Ќе се обвновува автопатот Скопје-Куманово

Ќе се обвновува автопатот Скопје-Куманово

НОВ ИЗБОРЕН ТРИК ИЛИ РЕАЛНО ВЕТУВАЊЕ: Машини за перење и сушење алишта за студентските домови

НОВ ИЗБОРЕН ТРИК ИЛИ РЕАЛНО ВЕТУВАЊЕ: Машини за перење и сушење алишта за студентските домови

Се повеќе основци со искривени 'рбети-родителите немаат гајле!

Се повеќе основци со искривени 'рбети-родителите немаат гајле!