29 Март, 2024
0.0237

ЕДНО НЕЗАБОРАВНО ДЕТСТВО: Децата од 90-тите никогаш нема да ги заборавиме овие нешта!

Објавено во: Стил 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Детството и тинејџерските години се нешто кое буди емоции и насмевка на лицето кај секој човек.

Децата од овие генерации бевме деца кои имавме вистински игри. Не се прибиравме по цел ден од улица, и не знаевме за мобилни телефони.

Пораснавме со Сол-макарон, еј Макарена, Томиџери, мечето Ушко, торти од кал, нинтендо, тетрис, Супер Марио и Луиџи, диносаурусот Дино, Денис напаст, Штрумфови.

Издвојуваме неколку факти кои го одбележаа детството на оваа генерација.

1. Децата на 90-те се научивме да ги користиме компјутерите пред нашите родители. 

2. Децата на 90-те со радост се сеќаваме како го храневме своето Тамагочи, нинтендо, тетрис. 

3. Децата на 90-те сеуште ги знаеме напамет движењата на Макарена. 

4. Децата на 90-те уште се насмевнуваме кога се сетиме како сме оделе да земеме видеокасети за изнајмување - нешто што нашите деца нема да го прават никогаш. 

5. Децата на 90-те се сеќаваме на моментите кога го лепевме увото до касетофонот, за да можеме да ја снимиме на аудиокасет омилената песна од радиото. 

6. Децата на 90-те никогаш нема да ги заборавиме игрите до доцна пред зграда или пред куќата на баба и дедо на село. 

7. Децата на 90-те немавме трпение да заврши „Тропска горештина“, за да го гледаме „Снешкото Були“. 

8. Децата на 90-те игравме Дама, Не се лути човече, криенка, Вистина или предизвик, Сол-макарон, Народна, ластик ...

9. Децата на 90-те собиравме колекции од шарени салфети

10. Децата на 90-те гледавме: Чувари на плажата, Беверли Хилс со Бренда и Брендон, Бушава азбука, Пулсирање, Зимско рекреативна програма, правење огромно писмо за Ѕвон потпишано од цело маало...

11. Децата од 90-те се прскавме со шишиња без да се лутиме. 

12. Децата на 90-те пишувавме со шарени креди по асфалт или со плочка и секакви камчиња кои оставаат траги и игравме разни игри

12. Децата на 90-те ги редевме фотографиите од роденденот во пластичното албумче кое го добивме како подарок, а не на Facebook. 

13. Децата од 90-те се потпишувавме во лексиони, споменари каде откривавме со зацрвенети образи кој ни е симпатија.


14. Децата од 90-те собиравме мирлизиви ливчиња, ливчиња од познатата серија „Касандара и Ранду“ ... тефтерче од детска пошта..

15. Возевме пони, Не знаевме за ѕвонче, од улица се довикувавме, Крадевме цреши, а си имавме во двор. 

Ова се дел од спомените од едно детство на кое генерациите од 90-тите години се сеќаваат со задоволство.

Ако и вие сте од оваа генерација, а нешто сме испуштиле да напишеме, пишајте ни и ќе го дополниме.

Носталгијата е неизбежна и ќе остане еден убав спомен, а за разлика од поновите генерации имавме вистинско детство кое за жал денешните деца никогаш нема да го почуствуваат.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи