Едвај се избраа новите потпретседатели на Собранието
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2018
Избрани се новите потпретседатели на Собранието, Горан Мисовски (НСДП), Фросина Ременски (СДСМ) и Весел Мемеди (НДП).
Тиа без изгласани со кворум од минимум 61 глас. Пратениците едвај се собраа и кворумот беше обезбеден дури во 16:30 часот и тоа со доаѓање на лидерот на ДУИ Али Ахмети.
За опозициската ВМРО, нема потреба од толку потпретседатели бидејќи тоа било само задоволување на потребите на владејачките партнери.